Skip to main content
Македонија

PER ASPERA AD ASTRA или нашиот европски пат

23/09/2025  09:39

Пишува: Проф. д-р Иван Анастасовски

Македонија по многу нешто заличува на србската политичка сцена што не ме радува воопшто, десницита во одредни сегменти се радикализира и се одалечува од европскиот пат се со цел да се додвори на нивниот стабилен електорат наспроти слабата и тотално разединета опозиција која не покажува никакви симтоми на обединување тука само гола суетност. Затоа пак, единствените две држави кои се дел од Алијанста а се на Балканот и воедно не се дел од Европската Унија а тоа се Албанија и Црна Гора веќе напредуваат и ги затвораат подглавјата со оптимистички рокови до 2027 или 2028 година, за жал ние се уште не можеме да ги отвориме, што доведува до тоа да нашата заробеност во националистички пранги со изразит популизам да не доведе во ситуација да го пропуштиме и овој интергациски бран па да чекаме некогаш некој нов, но сепак се надевам дека нашите партнери од Алијансата нема да го дозволат тоа да нашата држва остане надвор од процесот на интеграција.

Сосема легитимно се поставува прашањето дали можеме како држава да си го загрозиме нашиот европскиот или интергативен пат, што е навистина важно и актуелно,  особено ако тоа се гледа во контекст на случувањата последните неколку години на нашата политичка сцена.

Актуелната политичка гарнитура има пред себе сериозни предизвици, особено од аспектот што се уште имаат силна поддршка од гласачите, што не значи дека тоа може да оди во бесконечна нивна поддршка туку многу лесно може да дојде до силно разочарување кај електоратот и пад на нивниот рејтинг. Јас секогаш кога имам можност како поединец кој е силно определен за нашиот европски интергативен пат (без оглед кој како мисли за тоа) би сакал да посочам неколку клучни фактори кои може да влијаат негативно врз нашиот европскиот пат како држава.

Првиот фактор е политичката нестабилност која некои центри на овие простори ја негуваат и оддржуваат се со цел да можат да ги манипулираат и држат во заложништво нашите граѓани, а впрочем таа нестабилност се манифестира преку чести избори, недоверба во институциите и континуирана блокада во парламентот кои можат да го забават процесот на реформи, со тоа што сегашното парламентарно мнозинство ја има таа комоција да го води европскиот пат без никакви проблеми, но се прашувам дали ја има желбата за тоа. Ова значи дека македонскиот дел од собраниското мнозинство се уште може да калкулира оти ја имаат доминацијата и без албанскиот дел, кој незнам до кога ќе ја има таа смиреност да не врши притисок кон партнерите за поинтензивна евроинтегративна агенда а згора на тоа тие го водат и Министерството за европски прашања.

Исто така, сериозен проблем кај нас на политичката сцена е таа силна политичката поларизација и недостаток околу градење на консензус за нашите евроинтеграциите што ја прави нашата државата ранлива на внатрешни блокади, иако декларативно сите се за ЕУ но суштински мислам дека мнозинството е со поинакви намери и насоки.

Проблемот со бугарското вето и билатерални прашања нема преку ноќ да исчезнат, тие треба да се решат, факт е дека пораките од европската админитрација (Брисел) се децидни и не одат во наша полза, но мораат да се решат, а тоа не сум убеден дека оваа гарнитура има намера да го реши и затвори тоа прашање со што се повикува на добивање на гаранции од страна на Европската Унија дека нема да има нови и нови условувања за нашата држава, па отатму е притаено е замрзнат нашиот однос со европската администација и нивото на делегацииите кои ја посетуваат нашата држава.

Факт е дека, Бугарија веќе еднаш го блокираше почетокот на преговорите поради историски и јазични спорови, но ако не се најде одржливо решение кое е прифатливо и за граѓаните, и за институциите, можно е да дојде до нови блокади, со што нашиот европски пат ќе биде и тотално замрзант.

Незнам, дали сме свесни дека кај нас има недостаток на реформи кои треба да бидат суштински, а не формално, со што самата Европска Унија инсистира на владеење на правото, борба против корупција, независно судство и функционални институции. Се плашам како граѓанин дека ако реформите запрат или се изведуваат само формално, тоа може да доведе до замор кај ЕУ и одлагање на понатамошни чекори од нивна страна.

Она што е се посилно и подминатно кај нашите граѓани е нивниот страв дека Европската Унија не отфрлува и со самото тоа се формира едно ново јавно мислење и евроентузијазам, кое ќе се рефлектира кон тоа да нашите граѓани почнат да губат верба во европската перспектива (поради долгото чекање), и преку таквиот став ќе се засили но и зајакне евроскептицизмот, во почеток преку појавување на мали но не незначителни проруски партии и движења, а тоа во исто време ќе им даде ветер во грб на политичките сили кои се против интеграциите.

Исто така, регионалниот и геополитичкиот контекс прекузголемено руско и кинеско влијание на Балканот не е во наша корист, и тој може да ја оддалечи земјата од нашиот евроинтегративен пат, а особено ако ЕУ не покаже реална ангажираност за Македонија да остане на тој пат кој веќе 30 години го одиме и тоа под латинската девиза “PER ASPERA AD ASTRA” со што нашите европски пријатели мора да знаат дека сме веќе и изморени и изневерни.

Затоа, секогаш како личност сум размисувал за решенија и носење на храбри одлуки, па верувам дека актуелава политичка гарнитура нема да дозволат Македонија да си го загрози сопствениот европски пат. Би сакал да верувам во зрелоста на сегашната политичка гарнитура, да не подлегнуваат на притисокот на нивниот силен електорат и да ги следат очекувањата од граѓаните, со што ќа ја манифестираат јасно и недвосмсилено подготвеноста за компромиси без откажување од суштинските интереси. Знам дека се на маки големи но тоа е суштината на политиката да се изноѓаат решенија и компромиси. Не би сакал да ни биде залудно нашето 30 и повеќе годишно чекорење на тој едниствен инетегративен пат, оти секое вртење кон нешто друго носи нови и непресметливи ризици.