Skip to main content
Хроника

Пензионерка од Скопје била турната и под закана со пиштол ограбена

06/08/2025  16:23

Повозрасна скопјанка била жртва на насилна краба на скопска улица.

– На 05.08.2025 околу 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Струшка“ во Скопје, едно лице ја турнало В.Т.(67) од Скопје и со закана со пиштол од неа одзел личен накит, информираа од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.