Skip to main content
Македонија

Пензионерите од Кавадарци добиваат бесплатен превоз

08/01/2026  19:38

Пензионерите од Кавадарци добиваат бесплатен градски и приградски превоз секој ден во неделата, информираа попладнево од јавното претпријатие „Градски превоз” Кавадарци. Оттаму соопштија дека услугата ја овозможуваат заедно со Општина Кавадарци. 

– Се работи за градските линии после осум часот, како и без ограничувања, за приградските линии, појаснија од „Градски превоз”. 

Претходно и претседателот на Совет на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов, информираше за бесплатен градски превоз за сите пензионери секој ден на територијата на општина Кавадарци,  овозможен преку ЈП „Градски превоз Кавадарци“ од први јануари 2026 година.

– Ова беше дел од предизборната кампања – ветување кое денес е исполнето. Продолжуваме со дела, не со зборови, сподели Рамов.