Skip to main content
Хроника

Пензионер сопрел малолетничка и ја канел во ресторан, кога го одбила и’ рекол дека пак ќе ја бара

28/12/2024  18:03

Полицијата синоќа го приведе М.П.(72) од Демир Капија.

Според пријавеното од татко на малолетничка во овој град, девојчето било запрено од пензионерот кој и’ упатувал прашања и понуда за во ресторан, а откако бил одбиен, и’ рекол дека повторно ќе ја бара, од што таа се вознемирила и исплашила.

„Извршен бил разговор со малолетничката во присуство на родителот и преставник од Центарот за социјални работи Неготино“, велат од полицијата.

М.П. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.