Skip to main content
Хроника

Пензионер со моторна пила пресекол бандера – селото останало без струја

05/06/2025  16:30

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Р.(71) од с.Тодоровци, општина Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 20.05.2025 во с.Костиндол, општина Македонска Каменица, пријавениот со моторна пила извршил оштетување на бандера за пренос на електрична енергија и на тој начин предизвикал опасност за луѓето и имотот.