Skip to main content
Македонија

Пендаровски демантира дека ќе прави партија

06/04/2026  11:47

Поранешниот претседател на државата и универзитетски професор Стево Пендаровски ги демантираше шпекулациите дека подготвува нов политички субјект.

„Се работи за шпекулација излезена од лабораторијата на власта во која моето име е сосема свесно злоупотребено во контекст на нивната пропаганда против најголемата опозициска партија СДСМ. Познавајќи ги добро, сигурен сум дека ова нема да им биде последен таков обид – изјави Пендаровски за „Слободен печат“.

Претходно, одредени медиуми објавија дека Пендаровски остварува средби и консултации со соработници и јавни личности со цел креирање нова политичка платформа за настап на избори.

Пендаровски беше претседател од 2019 до 2024 година кога загуби од Гордана Силјановска Давкова кога беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.