Skip to main content
Економија, Македонија

Пекевски: 3 евра разлика за исто кафе – Македонија поскапа од ЕУ

24/03/2026  21:34

Цените на одредени производи во Македонија се неоправдано високи во споредба со европските пазари, оцени аналитичарот Синиша Пекевски во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Тој како пример го посочи еспресо кафето од ист бренд, кое во Словенија се продава по значително пониска цена.

„Не може еспресо кое во маркет во Словенија чини околу 6 евра, кај нас да достигнува 8,5 до 9 евра“, истакна Пекевски.

Според него, ваквите ценовни разлики не можат да се оправдаат ниту со големината на пазарот, ниту со економските параметри, особено ако се има предвид дека Словенија е помал пазар.

Пекевски предупреди дека станува збор за сериозен проблем кој директно го погодува животниот стандард на граѓаните и побара институционална реакција.

Тој апелираше Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат да извршат детални контроли и да утврдат зошто доаѓа до, како што рече, „вештачко зголемување на цените“ во малопродажбата.

Според него, без конкретни мерки и контроли, ваквите разлики ќе продолжат да ги оптоваруваат граѓаните, кои веќе се соочуваат со раст на трошоците за живот.