Skip to main content
Македонија

Пецаков вели дека случајно се сретнал и седнал со Црвенковски

15/10/2025  19:09

Охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, денеска за „Вечер“ изјави дека средбата со Бранко Црвенковски не била однапред планирана.

платено политичко рекламирање

„Се работи за случајна средба во полн угостителски објект. Ништо друго“, изјавил Пецаков на прашањето за карактерот на средбата.

Вчера беше објавена фотографија на која поранешниот македонски претседател, премиер и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, седи на иста маса со актуелниот градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ и со Сашо Донев, пратеник од владејачката партија.