
Во вчерашниот настап на Канал 5, Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз, меѓу другото нагласи:
-На меѓународен план се соочуваме со сложени, политички, безбедносни и економски состојби кои имат рефлексии во целиот свет, посебно врз снабдувањето со енергија.
Воените активности во и околу Иран се доста тешки и со огромни последици, при што многу тешко може да се процени и предвиди како ќе се одвиваат и колку ќе траат.
Поради агресијата на Русија во Украина позаострени се односите на Европската Унија со Русија. Сведоци сме на конфронтации помеѓу САД и ЕУ.
Присутни се тектонски раздвижувања и во НАТО.
Сите овие процеси ја наметнуваат потребата Македонија да презема краткорочни мерки, но мора и подолгорочно планирање за поефикасно справување со последиците во целина, посебно од воените судири во Иран и во Украина.
Неопходни се конкретни мерки за нормално функционирање на сите институции, како и мерки на социјален план.
Во оваа насока потребно е единство и вклучување на сите креативни кадри во градењето и спроведувањето на економските мерки.
Во овие сложени состојби, крајно е неприфатливо и неодговорно да се дискредитира и дисквалификува Македонија од европскиот пат со наратив дека Русија има влијание во политиките кои ги води Македонија.
Таа теза е неточна и многу опасна.
Македонија својата надворешна и безбедносна политика целосно ја усогласува со политиките на ЕУ и со силни релации со САД.
Потребно е одговорно однесување и водење сметка за нашите национални и стратешки цели и интереси, а не „печалење” на ситни политички поени.
Демократски сојуз


