Skip to main content
Македонија

Патролни возила со радар и 360° камера тргнуваат по прекршителите низ улиците

01/12/2025  22:03

Министерството за внатрешни работи набрзо ќе ги пушти во употреба новите патролни возила опремени со 360 степени камери, кои ќе служат за мобилно мерење на брзината, санкционирање на непрописно паркирање и казнување на возачи кои не пропуштаат пешаци.

Според информации на 24Инфо, белите „Форд Фокус“ модели се снабдени со интегриран радарски систем, камери со висока резолуција и напреден софтвер кој во момент го лоцира и документира прекршок. Овие возила ќе патролираат низ улиците каде нема поставени фиксни камери, а системот автоматски ќе испраќа казни по е-пошта.

„Конечно ќе има ред и на споредните улици“, велат извори запознаени со проектот.