
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, информира дека општинските служби се на терен и интензивно работат на расчистување на патниот правец погоден од одрони и наноси, со цел што поскоро воспоставување на нормален и безбеден сообраќај.
Касами упати апел до граѓаните привремено да ја избегнуваат оваа делница сè додека целосно не завршат активностите за расчистување и обезбедување на патот.
Од Општина Тетово посочуваат дека состојбата континуирано се следи, а јавноста ќе биде навремено информирана за нормализирањето на сообраќајот.
Градоначалникот им се заблагодари на граѓаните за трпението и разбирањето, нагласувајќи дека безбедноста на сите учесници во сообраќајот е приоритет.
