
Неколку лица на аеродромот Хитроу во Лондон утрово беа изложени на супстанца за која се верува дека е солзавец. Полицијата трага по осомничените. Инцидентот се случил на паркингот пред Терминал 3. Неколку лица побарале лекарска помош, при што повредите не се сметаат за сериозни.
Лондонската служба за итни случаи прогласи значаен инцидент и на терен беа испратени сите расположливи ресурси, вклучително и пожарникари и полиција. На социјалните мрежи се објавени снимки од поголем број на вооружени полицајци и приведување на едно лице.
Инцидентот предизвика нарушувања во сообраќајот: привремено беше затворен јужниот крак од автопатот M4 и дојде до задоцнувања на линиите Elizabeth и Piccadilly.
