
Силните снежни врнежи создадоа вистински хаос низ патиштата во Македонија. Иако „Македонија пат“ ангажира дополнителни трети лица за расчистување на снегот, механизацијата на терен не е видлива во доволна мера.
Непроодни патишта се забележани низ целата држава, а најголеми проблеми има на автопатите и главните патни правци. Според извори, застој е предизвикан и на патарината Велес – Скопје, каде што возачите се принудени да чекаат со часови.

Граѓаните се жалат на неисчистени коловози во многу градови и рурални средини, а сообраќајот е отежнат и небезбеден.
Се најавуваат дека ќе ги засилат напорите за расчистување на патиштата и апелираат до граѓаните да избегнуваат непотребни патувања додека не се подобри состојбата на теренот.