
Извршниот и Управниот одбор на Партизан донесоа одлука да му дадат поддршка на тренерот Жељко Обрадовиќ. Тоа значи дека неговата оставка од вчера е одбиена.
Оваа одлука на предлог на претседателот на клубот Остоја Мијаиловиќ едногласно е одбиена и Обрадовиќ доби целосна поддршка да продолжи со работа на позицијата шеф на стручниот штаб на „црно-белите“.
Трофејниот тренер има максимална доверба и неговата работа во ниту еден момент не била под знак на прашање.
Првите луѓе на клубот сега ќе бидат насочени пред сè да го убедат Обрадовиќ да ја промени одлуката, а за потенцијален заменик не размислуваат.
