
Партијата на пензионери уште еднаш укажува и бара да Владата итно го зголеми номиналниот лимитот за бесплатно болничко лекување на пензионерите со ниски пензии, се вели во соопштението, што МИА го пренесува интегрално.
Имено од март 2025 год. со зголемување на пензиите за 2500 денари, минималната пензија го достигна прагот од 18.292 денари, додека лимитот за бесплатно болничко лекување сеуште е 18.000 денари. Со самиот тој факт, подолг период ни еден пензионер во државата не е ослободен од партиципација за болничко лекување што најмногу ги погодува пензионерите со најниските пензии и нивните семејства. Мора да се нагласи дека овој проблем е уште посложен, бидејќи во исто време ние имаме и највисоки цени на лековите во регионот.
Од горе наведените причини Партијата на пензионери бара лимитот до кој пензионерите нема да плаќаат партиципација за болничко лекување од јануари 2026 година да изнесува 25.000 денари, а во иднина, истиот да биде константно врзан со висината на минималната плата.
