Skip to main content
Македонија

Парното поскапува: Нови цени од утре

28/02/2025  14:51

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која од 1 март цената за потрошувачите на топлинска енергија за ЕСМ Енергетика (5,17%) и Скопје Север – Енерџи Еко Линк (5,25%) ќе се зголемат за околу 5 %.

„Кога ја соопштивме цената за најголемиот систем преку кој со парно се снабдуваат над 95% од домаќинства, најавивме дека и овие две компании имаат поднесено барање за корекција на цената. Познато е дека поради комплексните геополитички случувања цената на природниот гас на светките берзи е зголемена, поточно во последниот квартал од минатата година имама раст од 16 % што е и главна причина и за оваа одлука. Овие две компании доставија барање за корекција на цената во текот на месец февруари, по што РКЕ изврши соодветни анализи и врз основ на тоа донесе Одлуки за корекција на цената за потрошувачите на топлинска енергија за ЕСМ Енергетика и Скопје Север – Енерџи еколинк, која ќе стапи на сила од 1 март. Станува збор за вкупен конзум од 2 500 потрошувачи“, посочи Марко Бислимоски.

Во исто време РКЕ ја информира јавноста дека на главна седница е донесена одлука за издавање на две лиценци за вршење на енергетска дејност за регулирано
производство и снабдување со топлинска енергија на ЕНЕРЏИ ЕКОЛИНК АД Скопје, додека постапката за издавање лиценца за дистрибуција е во тек.

„Станува збор за топланата позната во јавност како Скопје Север, која од неодамна ја
презема приватен инвеститор и истиот ја отпочна постапката за конечно лиценцирање на компанијата која извршува јавна дејност повеќе од 20 години. РКЕ останува на ставот дека секоја реализација на инвестициите што значи подобрување на квалитетот на снабдување и ширење на мрежа со цел зголемување на конзум е со безрезервна поддршка, посебно што станува збор за еколошки и најекономичен начин на затоплување, што се одразува врз сметките за парно – кои се најниски. Анализите покажуваат дека доколку сите исклучени од парно, повторно се приклучат на системот сметките ќе се намалат за околу 10%“, посочи Марко Бислимоски.