Skip to main content
Скопје

Паркинзите со ново работно време: Започнува летното работно време на ЈП „Градски паркинг“

30/05/2025  13:50

Од 1.6.2025 започнува летното работно време на јавните површини наменети за паркирање- зонско на ЈП „Градски паркинг“- Скопје

Јавното претпријатие „Градски паркинг“- Скопје ги известува сите граѓани дека од 1.6.2025 започнува летно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање- зонско, со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“- Скопје.

Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде:

– Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.

-Им препорачуваме на сите корисниците на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време, со што би се спречило нивно казнување. Наплата за час паркирање може да се изврши преку: СМС порака, греб картичка, скенирање бар код и преку мобилната апликација: parking.mk, информира претпријатието.