Skip to main content
Македонија

Папазов за ИМА: Не бегам никаде, но не сакам да соопштувам официјални работи

18/03/2025  22:13

Институтот за медиуми и аналитика ИМА стапиле во контакт со градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов кој рекол дека не сака да дава никакви изјави додека не заврши истрагата.

„Додека не заврши истрагата не сакам официјални работи да соопштувам… Нека заврши истрагата, нека заврши целиот процес. Тука сум, не бегам никаде. И бев на местото на настанот“, изјави Папазов за ИМА.

Тој сепак потенцирал дека се појавил на местото на настанот уште во раните утрински часови.

ИМА го поставува прашањето зошто Папазов дава изјави само пред обвинителите, но не и пред новинарите и јавноста, со оглед на тоа што неговата оставка сè уште не е прифатена, и како избран функционер сè уште има должност да ја информира јавноста за прашања од јавен интерес.

Извор: Рацин.мк