Skip to main content
Свет

Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница

22/03/2025  19:44

Папата Франциск утре ќе биде отпуштен од болница по повеќе од пет недели, велат лекарите, јави ДПА.

Кардиналот Виктор Мануел Фернандез вчера изјави дека папата добро реагира на лекувањето за пневмонија, но треба повторно да се навикне да зборува. 

Осумдесет и осумгодишниот поглавар на Римокатоличката црква беше хоспитализиран во болницата „Џемели“ во Рим од 14 февруари, откако му беше дијагностицирана двојна пневмонија.