Skip to main content
Свет

Паника вечерва во Санторини: Силен земјотрес го потресе регионот

10/02/2025  23:03

Земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер беше регистриран малку по 22 часот во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос, јавува дописничката на МИА од Атина.

Ова е најсилниот потрес во серијата земјотреси што го погодија овој регион во последните десет дена.

Низа земјотреси во регионот

Овој земјотрес доаѓа по неколку силни потреси во изминатата недела:
• Вчера беше регистриран земјотрес со јачина од 5,0 степени.
• Минатата среда се случи уште еден потрес со јачина од 5,2 степени.

Потресот почувствуван и во Атина

Земјотресот вечерва беше јасно почувствуван на повеќе околни острови, а потреси беа забележани и во делови од Атина. Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.

Сеизмолозите ја следат состојбата и најавуваат дополнителни анализи за активноста во регионот.