Панел-дискусија ќе се реализира денеска во Скопје по повод Светскиот ден за борба против ракот. Со наслов „Обединети по единственост“ – „Преобликување на иднината за грижата за ракот во нашата држава – предизвици и можности“, а во организација на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негуватели „Хема-онко“, панел-дискусијата ќе се одржи во амфитеатарот на Универзитет „Скопје“.
На настанот предвидени се и обраќања на претставник од Министерството за здравство и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.