
Затворски банди нарачале да ми се запали куќата, како одмазда за борбата против криминалот што ја почнав, вели директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов.
Тој вечерва во гостување на „Сител“ изрази сомнеж дека затвореници или банди во затворите кои се под негово управување, со скапо платен мобилен телефон што го добиле зад решетки, го нарачале палењето на неговата викендичка во Орешани.
Изминатиот период до него доаѓале гласини за кои немал материјални докази, дека нешто лошо ќе му се случи, односно дека затвореници му подготвуваат нешто лошо.
Пандов вели дека одредени затвореници им нуделе и по 20 илјади евра на затворските стражари за да стигнат до телефон, а на тоа искушение некој потпаѓал, а некој не.