Skip to main content
Магазин

Панчо ќе направи концерт во чест на жртвите од трагедијата во Kочани

25/06/2025  12:37

Кошаркарот Перо Антиќ во поткастот кај Боки 13 сподели емотивен момент од негов телефонски разговор со Панчо од ДНК, кој се опоравува во болница по несреќата што се случи во Кочани.

„Се слушнав со Панчо телефонски и ќе цитирам што ми рече веднаш: Прво што ќе направам кога ќе излезам од болница е да направам концерт во чест на сите загинати и повредени од трагедијата во Кочани“

Панчо инаку е еден од повредените во големиот пожар кој избувна во кочанската дискотека “Пулс” кој однесе 62 жртви.