Skip to main content
Македонија

Палевски го спори времето на убиството на Жежовски, а тврди дека не бил таму кога е ликвидиран велешанецот

14/04/2025  15:28

Љупчо Палевски-Палчо, обвинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, упати обвинување до Кривичен суд, односно дека бил киднапиран од нив. Тој рече дека шест дена бил во притвор без никакво решение, а потоа, бил однесен во судот пред судија на претходна постапка и обвинителката која го застапува предметот. Пред судијата Ивица Стефановски, Палевски објаснуваше што правел на 22 ноември, денот кога е убиен Панче Жежовски. Тој го спореше времето кога е убиен велешанецот, посочувајќи дека во кривичната пријава на МВР стои 21:30, а во обвинението стои 09:30 минути.

„Бев со кучето Хера во дворот, разговарав со член на оградата. На тој ден сум немал состанок со Манев и Видевски бидејќи од причина што, во посоченото време кога се тврди дека стигнале од месноста Рудник во штабот, јас разговарам со Миле, секретар на партијата. Моментот на смрт на Панче Жежовски до денеска не е утврден, докажано е дека поминуваат возилата кај ‘Ромакнтик’, но како пресметале кога е убиен? Не дадоа докази. Она што е сигурно е дека Кешишев во 10:30 минути поминал покрај ‘Романтик’, како успеале, според тврдењата на Обвинителството, да го убијат Панче и да се возат во шок и бессознание до Маџари, да се претовараат во „Реното кангу“ и во 11:47 да разговараат на телефон? Физички е невозможно. Затоа на 24 ноември се враќаат во Рудник, според исказот на Манев, да затрупуваат. Дали е тоа грижа на совест, не знам, но постои можност и тогаш да е убиен Панче. Според камерите од ‘Романтик’, ‘цитроенот’ во 10:30 минути се уште е во Велес“, рече Палевски.

Во неговиот исказ тврди дека моторолите кои се гледаа на камерите од дворот на обвинетиот Велибор Манев, биле употребени кога барале злато кај Демир Капија. И според него, ова е последен пат кога ги видел.

„Целата организација на тој настан е од Велибор Манев, инсистираше јас и Влатко Кешишев да бидеме присутни, а тој и Боре Видевски проверуваа во пештерата во близина на Вардар. Тогаш за прв и последен пат видов моторола која од автомобилот ја извади Манев. Ми даде мене, на Влатко и другата ја понесоа со себе. Времето на тргнување од Демир Капија кон Велес е истото со времето на видеото кое Обвинителството незаконски го приложи како доказ. Задржувањето во Демир Капија и потпишувањето на записникот за одземање на оружјето, идентично одговара – 07:10 кога се гледа на видеото од Обвинителството. Со настанот се утврдуваат три важни работи – пиштолот, времето и моторолите, а до Демир Капија отидовме со возилото на Велибор Манев“, посочи Палевски.

Извор: Скопје1