
На денешното рочиште за убиствата на велешкиот пензионер Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, обвинетиот Велибор Манев даде потресно сведочење. Тој открива детали од злосторството кое ја шокираше јавноста, објаснувајќи како екипата планирала и извршила убиство на Жежовски, како и што се случувало пред и по трагичниот настан.
„Како што беше легнат, Палчо му испука куршум. Да видов немаше да бидам тука. Од шокот дишев длабоко да не експлодирам, а Палевски го турна во дупката“, изјави Манев, објаснувајќи дека целиот инцидент се одвивал брзо и неочекувано. Тој раскажа дека пред убиството, со групата биле на подготовка, купувајќи дизел и бензин, што потоа ги поставиле во Кангуто. После тоа, заминале до домот на Панче.
Манев, кој беше дел од групата, продолжи да ја опишува деталната хронологија на настаните, вклучувајќи ги и моментите кога Панче бил грабнат и однесен до местото каде што ќе настанела трагедијата. „Откако го грабнавме, го ставивме во неговата кола. Церада која ја носевме требаше да биде спуштена во дупката. Кога стигнавме, го однесовме Панче до отворот за да го спуштиме, а како што беше легнат, Палчо му испука куршум“, изјави Манев.
Потоа, тој опишал како телото било фрлено во дупката, која била наполнета со земја. Манев го фрлил мобилниот телефон на Панче во долот, каде растат капини, пред да се врати во Скопје, возејќи го автомобилот на жртвата.
Ова сведочење е дел од тековното судење за убиствата на Панче и Вања, а судијата Ивица Стефановски ја води постапката. Манев и другите обвинети продолжуваат со своите искази пред судот, а случајот продолжува да ја привлекува вниманието на јавноста.