Skip to main content
Магазин

Пакомак го отвори пријавувањето за конкурсот Trash for Art 2026

19/02/2026  19:42

Пријавувањето за конкурсот Trash for Art и официјално е отворено. И оваа година, Пакомак ги повикува сите еко свесни граѓани да ја покажат својата креативност, да испратат уметничко дело направено од отпад за конкурсот и да бидат во игра за вредни награди.

Конкурсот е отворен за сите, а пријавените дела ќе се натпреваруваат во повеќе различни категории. Како и секоја година, ќе се избира најдобро дело во категориите: 1) градинки, 2) основни училишта, 3) поединци и други организации. За секоја од категориите се предвидени по три парични награди – за прво (30.000 денари), второ (20.000 денари), трето (10.000) . Испратените дела треба да бидат изработени од најмалку 10 парчиња амбалажен отпад од ист или од различен тип на амбалажа, и не треба да бидат повисоки од 150 см.

Оваа година конкурсот ќе има и две специјални награди. Едната е за уметнички дела направени од електронски отпад, односно направени од најмалку три делчиња од електронски отпад или отпадни батерии, за која наградниот фонд за прво, второ и трето место е идентичен како во генералните категории.

А посебна наградата ќе добијат најдобрите испратени уметнички дела изработени само од амбалажа на Алкалоид. Фармацевтскиот гигант е специјален учесник и поддржувач на Trash for Art 2026 и застанува зад еко мисијата на Пакомак со силна порака за почиста животна средина.

Пријавувањето на дела за конкурсот трае до 17 март, а делата треба да бидат доставени на 16 и 17.03.2026 од 9:00 до 18:00 часот, во локалот „Лабораториум“ кој се наоѓа зад Работнички универзитет „Кочо Рацин“.

Повеќе информации за наградниот конкурс Trash for Art на www.pakomak.com.mk и на профилите на социјалните мрежи на Пакомак.