Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) денеска организира тркалезна маса на тема „Една година подоцна: До каде е Собранието со борбата против корупцијата?“.
Како што соопшти ИДСЦС, на тркалезната маса учесниците ќе анализираат што е постигнато во изминатите 12 месеци и какви предизвици стојат пред институциите во борбата против корупцијата. Ќе се дискутира за мерките кои ги презеде Собранието и Интерпартиската парламентарна група против корупција, како и за пречките во спроведувањето на антикорупциските политики.
Во воведното обраќање ќе учествуваат Љупчо Пренџов, претседател на Комисијата за политички систем, Соња Мираковска, членка на истата комисија, Билјана Каракашова Шулев, заменик-претседателка на Државната комисија за спречување на корупција, и Снежана Камиловска Трповска, програмска координаторка во Македонски центар за меѓународна соработка.
Настанот е дел од континуираниот дијалог меѓу пратениците, институциите и граѓанските организации, со цел подобрување на антикорупциските механизми и осигурување на транспарентноста.
За три дена 109 повредени лица од Кочани ги доставија своите барања и предлози, ги охрабруваме и другите истото да го направат
12/06/2025 08:38
Повеќедневна метео анализа: Стабилно и топло време, потоа врнежи, грмежи и невреме!
12/06/2025 08:14
Предлог измените на Изборниот законик од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание
12/06/2025 08:05