Жена пешак прегазена од мотоцикл во Тетово.
– На 03.06.2025 околу 16.40 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Видое Смилески Бато“ во Тетово, мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Х.Ш.(56) од с.Мала Речица, тетовско, удрил во пешакот Ф.Б.(67) од село Стримница, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Б., констатирани во Клиничката болница во Тетово, известија од полицијата.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.
Пријава за гостиварец кој лажно се претставил како сервисер на противпожарни апарати, доставил и фалсификуван сервисен картон
04/06/2025 15:07