Мерка притвор во траење од 30 дена му одреди Основниот суд – Кочани на Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“.
Основното јавно обвинителство – Кочани ја прошири истрагата за Нацев, чија агенција ја обезбедувала дискотеката „Пулс“ кога се случи трагичниот пожар и за него побара ефективен притвор. Тој беше осомничен дека сторил „тешки дела против општата сигурност“ и дека раководел со деловниот потфат и целокупното работење на агенцијата, заедно со претходно осомничениот управител и со овластеното лице на подружницата во Кочани. Притоа, агенцијата „Рубикон“ немала склучено договор за обезбедување во дискотеката во Кочани.
Александар Нацев е универзитетски професор, а пред десетина години беше и директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.
Женското кооперативно здружување како одговор на насилството и економската несигурност
10/06/2025 10:29
Филипче од Кочани: Власта не испорача правда, не испорачува здравство – а ги навредува родителите кои бараат достоинство
10/06/2025 10:14
ВМРО-ДПМНЕ: Грантови до 10.000 евра за млади и ранливи групи преку мерките од Оперативниот план на Владата
10/06/2025 10:06