Најмалку три лица загинаа во експлозија што денеска се случи во тренинг центарот на канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес, соопшти државната обвинителка Пем Бонди.
– Штотуку разговарав со обвинителот Бил Есајли за ужасниот инцидент во тренинг центарот на канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес во кој смртно настрадаа најмалку три лица. Нашите федерални агенти се на местото на настанот. Истрагата е во тек, објави Бонди на X.
Експлозијата се случи утрово околу 07:30 часот по локално време во тренинг центарот Бискаилуз на канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес, каде што се стационирани припадници на специјалните единици за спроведување на законот и одделот за деминирање на шерифот, потврди за Си-Ен-Ен неименуван висок полициски службеник запознаен со инцидентот.
Лос Анџелес: Три лица загинаа во експлозија во тренинг центар на локалните безбедносни сили
18/07/2025 20:39
ВМРО-ДПМНЕ: Се потврди нашата теза дека СДС и Филипче немаат кандидат за Скопје, излегоа со кадар на Заев
18/07/2025 20:33