На работната средба на министерката за енергетика, Сања Божиновска, со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, се разговараше за тековните енергетски проекти и нивните финансиски импликации врз компаниите и економијата.
Во фокусот на разговорот беа влијанијата на новите регулативи за декарбонизација и зелената енергетска транзиција на Европската Унија, кои носат значајни предизвици, но и можности за развој на обновливите извори на енергија во нашата земја, како и нивното значење за домашните компании и целокупната економија. Беше нагласено дека за компаниите е потребна поддршка во приспособувањето кон овие промени, за да се намалат финансиските оптоварувања и да се зачува конкурентноста на домашниот пазар.
Гувернерот Славески и министерката Божиновска се согласија дека финансискиот сектор е главен поддржувач на транзицијата кон поголема енергетска одржливост, соодветно соработката помеѓу Министерството за енергетика и Народната банка е значајна за креирање на мерки кои ќе ја поддржат економијата во целина, особено во услови на глобални економски предизвици.
На средбата беше истакнато дека развојот на енергетскиот и рударскиот сектор е од клучно значење за зајакнување на финансиската независност на земјата и обезбедување енергетска стабилност која ќе ги штити интересите на граѓаните и компаниите и ќе обезбеди отпорност на земјата кон надворешни економски шокови.
Во наредниот период ќе се работи на конкретни иницијативи и политики за олеснување на пристапот до финансиски средства за инвестиции во зелена енергија и технолошки модернизации, со цел да се поддржи економскиот раст и одржливоста, но за да се обезбедат ефективни решенија кои ќе ги поддржат компаниите во процесот на прилагодување, како и стабилноста на националната економија.
Финансиска и енергетска стабилност како приоритет — средба на министерката Божиновска со гувернерот Славески
29/07/2025 11:11
ВМРО-ДПМНЕ: Ефикасна борбата со пожарите во Македонија, додека во Турција евакуирани над 3500 граѓани, во Албанија над 2000, илјадници во Грција и Бугарија
29/07/2025 10:51
Србија им препорача на своите граѓани да не патуваат во Хрватска во почетокот на август
29/07/2025 10:47
Комисијата за избори и именувања ќе бара решение за избор на претседател на ДКСК поради најавеното распишување на изборите
29/07/2025 10:33
Северна Кореја вели дека Трамп мора да ја прифати новата нуклеарна реалност, Белата куќа потврдува дека нејзините цели не се променети
29/07/2025 10:25
Кривична за директорка на училиште во Виница, си ја вработила ќерката во истото училиште иако немала соодветно образование
29/07/2025 10:02