Со посветеност на Владата сите вработени кои подолго време работат со договор на дело во болниците во земјава ќе добијат договори за неопределено време веднаш по изборите, а најдоцна до крајот на годинава, најави директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски при денешната посета на ЈЗУ Општа болница Велес заедно со својот заменик Бранко Аџигогов како и со заменик министерот за здравство Јовица Андовски, одговарајќи на новинарско прашање.
– Прашање е колку брзо можат административно да се постигнат тие процеси, затоа што треба да се координираат повеќе институции, но сепак по изборите до крајот на годината имаме целoсно посветеност сите што неколку години работеле со договри на дело да добијат договори на неопределено време и со тоа да им се реши статусот, рече Клековски.
Како што информира Александар Бузалков директор на ЈЗУ Општа болница Велес, во велешката болница има седум работници со договор на дело. Се надева дека по изборите ќе добијат согласност за нивно вработување на неопределено време како што и било договорено со надлежните.
Клековски: Сите вработени со договор на дело по болниците во земјава ќе бидат вработени
30/07/2025 16:09
На грчкото пристаниште Игуменица откриена дрога во вредност од над 2,7 милиони евра
30/07/2025 15:46
На првиот крак на Халкидики продолжува отстранувањето на недозволено поставени чадори и опрема за на плажа
30/07/2025 15:13
Средба на Муцунски со државниот министер за европски прашања и одбрана на Ирска, Томас Брн
30/07/2025 14:58