Skip to main content
Македонија

Паднато дрво во Скопје оштетило три автомобили, јавува ЦУК

17/04/2025  20:24

Центарот за управување со кризи информира дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на ул.,,Анкарска” кај популано именуваниот реон ,,Млечен ресторан”.

Паднатото дрво има оштетено 3 автомобили. Полиција е на лице место и настанот е пријавен во ЈП ,,Паркови и зеленило” за да го отстранат паднатото дрво од улицата.

Исто така, дрвото, при паѓањето, има скинато кабли од бандера. Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација (СОК), паралелно со известувањето на Полицијата, се известени и координирани надлежните институции за санација на скинатите и откачени кабли.