
Несреќа се случила во хидроцентрала во близина на виничкото село Градец, кога 43-годишниот работник Д.Д. паднал во отворена шахта на своето работно место. Од ударот тој се здобил со тешки телесни повреди, по што бил донесен во Итната медицинска помош во Виница, јавија од ОВР Виница.
Притоа, повредениот веднаш бил пренесен во Општата болница во Кочани за понатамошен третман.

