Skip to main content
Хроника

Паднаа двајца браќа – полицијата дома им најде дрога

18/10/2025  13:56

На 17.10.2025 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом на Д.Г. (33) во Скопје, на подрачје на Гази Баба. При претресот во станот е затекнат неговиот брат С.Г. (32), а пронајдени се марихуана, пари и дигитална вага. С.Г. е лишен од слобода, а се преземаат мерки за пронаоѓање на Д.Г. и по целосно расчистување на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.