Skip to main content
Македонија

Падна првоаприлски снег во Македонија (ВИДЕО)

01/04/2025  15:26

Бела покривка го разбуди Нижеполе денеска, на 1 април. Иако е веќе пролет сепак не е прв пат снег да падне во Македоника, овој пат наврна во битолско.

Како што соопшти УХМР, Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Берово 12 литри на метар квадратен, во Виница 11, во Битола, Струмица и Кавдараци девет, Скопје седум литри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2) и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.