
Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика во август годинава, споредено со истиот месец лани, индустриското производство е намалено за 3,5 отсто.
Во секторот Рударство и вадење на камен во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи пораст од 7,0 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 1,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација намалување од 26,8 отсто.
Од друга страна пак, бројот на работниците во индустријата во август бележи годишен пад од 2,6%. Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август годинава во однос на истиот период лани, се намалил за 3,8 %, објави Државниот завод за статистика.