Skip to main content
Македонија

Пациент од Белград се враќа на лекување во Македонија – 12 си одат дома, 4-5 пациенти се уште се критични

25/03/2025  11:18

Еден пациент сместен во Белград, повреден во страшниот пожар во дискотеката во Кочани, денеска се враќа на лекување во македонските болници.

Ова денеска на прес конференција го истакна министерот за здравство Арбен Таравари, кој информираше и дека во болниците во Скопје засега се сместени 39 пациенти, од кои денеска се испишуваат 12.

Од нив, 12 се во Клинички центар, 10 во стара Градска болница, 10 пациенти во „8-ми Септември“, а во приватните клиники 7 пациенти.

„Добрата вест е што денеска се испишуваат 12 пациенти и практично ќе останат 27 пациенти кои се лекуваат во болниците во Скопје. Во странство се лекуваат 115 пациенти. Добра вест е што најверојатно едниот пациент денес се враќа од Белград на понатамошно лекување во Скопје. Пациентот е во добра општа состојба, ќе биде направена тријажа и ќе биде сместен на клиника“, рече Таравари.

Министерот информираше дека кај 4-5 пациенти кои се лекуваат во странство состојбата е посериозна. Некаде имало и влошување, но докторите го даваат максимумот за да помине овој тежок период.