Skip to main content
Македонија

Овој викенд во Охрид ќе се одржи Втората интердисциплинарна студентска конференција

24/10/2025  11:16

Овој викенд, Охрид ќе биде центар на младинската енергија, знаење и инспирација — ќе се одржи Втората Интердисциплинарна студентска конференција, во организација на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.

Настанот ќе опфати 14 едукативни работилници, две панел-дискусии и една тематска забава.

Работилниците ќе обработуваат теми од различни области — економија, технологија, здравје, општество и личен развој. Темите се следниве:

      1.    Долгорочни и краткорочни цели низ менаџмент на времето

      2.    Сексуална и менструална едукација

      3.    Mojoт политички компас

      4.    Квалитет наспроти цена при купување на прехранбени производи

      5.    Еден договор, две перспективи — како продажниот и инженерскиот тим заедно градат успешна соработка со клиентот

      6.    Како да изградите интересна приказна и успешно да се претставите себеси

      7.    Младите и финансиската независност: Основи на инвестирање и штедење

      8.    Од првата плата до првата пензија — инвестирај во својата иднина денес 

      9.    Квантни компјутери и колку сме далеку од нив?

      10.   Јазикот на протестот

      11.   Вештачка интелигенција во финансискиот сектор: Како алгоритмите ја подобруваат банкарската ефикасност

      12.   Критика на филм

      13.   Саундтрак на победата: мотивацијата во спортот преку музиката

      14.   Како здравите навики влијаат на квалитетот на животот

Во рамки на конференцијата ќе се одржат и две панел-дискусии на актуелни теми:

      •     Панел 1: Природно или совршено — што избираме?

      •     Панел 2: Бесконечен раст на конечна планета — дали сме жртви на сопствената алчност?

Настанот има за цел да поттикне критичко размислување, интердисциплинарен пристап и активно вклучување на студентите во теми што го обликуваат современото општество, при што конференцијата претставува платформа за размена на идеи, искуства и визии за иднината.