
Русокосата „џебна венера“, Оле Поцкова која е дел од тимот на „Зевзекманија“ ја препознаваат по нејзиниот ведар дух, хумор и насмевка.
Таа воедно е и шефица на монтажата во Канал 5 Телевизија.
Неодамна во интервју за Женски магазин истакна дека без високи потпетици не излегува ниту да фрли ѓубре.
На прашањето колку тоа што е јавна личност и помогнало или одмогнало во животот, Оле имаше ваков одговор:
-Никогаш до сега не ми одмогнало тоа што сум јавна личност. Јас уживам во препознавањето на улица, се чуствувам пријатно и поласкано кога ќе дојде некој да се слика или со насмевка ќе ме поздрави на улица. Имам сестра близначка која многу е слична на мене. Луѓето многу често не мешаат со неа, така што и таа и јас си го делиме тоа задоволство.