Skip to main content
Балкан

Отворена нова истрага против лидерот на главната турска опозициска партија, Озгур Озел

28/08/2025  19:03

Обвинителството во Анкара денеска отворило уште една истрага против лидерот на главната опозициска партија, Озгур Озел, поради неговите изјави против главниот обвинител на Истанбул, кого Озел го обвинува за интензивирање на гонењето на противниците на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Озел, лидер на Републиканската народна партија (ЦХП), на митинг во Истанбул синоќа изјави дека Акин Гурлек, поранешен заменик-министер за правда, кој сега раководи со Обвинителството во Истанбул, се обидува со сите средства да „измисли злосторства“ со цел да ја ослабне опозицијата.

Обвинителството во главниот град Анкара започна истрага за „закани и навреди кон државен службеник“ против Озел, објави агенцијата Анадолија.

Истрага со истите обвинувања Обвинителството во Истанбул веќе започна и на почетокот на јуни.

Турската опозиција го обвинува Гурлек за послушност кон  властите додека се засилуваат истрагите против популарниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е во затвор од март, и неговата партија ЦХП, која на ланските локални избори ја победи владејачката партија на претседателот Ердоган.