Skip to main content
Македонија

Отворен граничниот премин ,,Дојран”

07/12/2025  14:06

Од граничните премини кон соседна Грција, за сообраќај во моментов е отворен само Дојран.

Меџитклија е затворен за товарни возила и автобуси од 12 часот, а Богородица е во прекин поради штрајк на грчките земјоделци од 11 часот.

Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека на граничниот премин Табановце кон Србија времето на чекање е околу 40 минути.