Skip to main content
Скопје

Отворен е повик за волонтери за Европскиот младински олимписки фестивал кој ќе се одржува во Скопје

17/01/2025  14:27

Општина Аеродром ќе го поддржи Македонскиот олимписки комитет во организацијата на овогодишното издание на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025, што ќе се одржи од 19 до 26 јули и ќе ја обедини младинската спортска елита од цела Европа.

– За таа цел, ги повикуваме сите заинтересирани лица да се вклучат како волонтери на овој мулитиспортски олимписки настан. Апликацијата за волонтер на спортскиот спектакл може да се најде на следниов линк: Volunteer Application EYOF 2025 Skopje – Google Forms, информираа од општина Аеродром.

Инаку, Фестивалот ќе се одржува во Скопје и во Куманово, при што ќе обедини повеќе од 4000 учесници од 48 европски држави и регионот, голем број домашни и странски гости, како и повеќе од 900 волонтери.