
Утрово (30 јуни) целосно е нормализиран сообраќајот низ Белград откако до доцна во ноќта студентите во блокада и граѓани блокираа голем број раскрсници, улици и мостови во главнипот град на Србија.

Српските власти изјавија дека во текот на ноќта, полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград и сообраќајот може да функционира нормално.
Во текот на ноќта биле уапсени и неколку лица кои според полицијата пружале отпор и го нарушувале јавниот ред и мир.
Во меѓувреме, студентите утрово објавија дека не се повлекуваат, повикаа повторно денеска на блокади и граѓанска непослушност.
Ваквите акции доаѓаат откако десеттина главно млади лица и студенти беа апсени по големиот видовденски протест на кој излегоа над 100.000 граѓани