Skip to main content
Економија

Откупната цена на македонското јагне се движи од 260 до 280 денари

20/03/2026  21:17

Започна откупот на јагне. Првите количини се извезени на италијанските и албанските пазари, изјави потпретседателот на асоцијацијата на земјоделци, Гоце Сарафимов. Тој додава дека откупната цена на јагнето изнесува од 260 до 280 денари и според сточарите е ниска.

-Цената се уште е ниска од 260-280 денари макисмум, а овчарите сакаат да не биде под пет евра, под 300 денари, затоа што и млекото сега е намалено, бидејќи млекото беше до скоро 65 денари, а сега е 60 денари – изјави Сарафимов.

Тој вели дека според проценките на сточарите годинава во бачилата имаат околу 400.000 овци и исто толкав број на јагниња, од кои 300.000 ќе одат во кланица, а околу 100.000 женски јагниња ќе ги задржат за обновување на стадата.