
Иако повеќето луѓе мислат дека психопатите ги среќаваме само во затвори или хорор филмови, науката вели поинаку – околу 1 од 100 луѓе е психопат. Тоа значи дека може да бидат меѓу колегите, пријателите или соседите, без да го забележиме веднаш.
Според психолозите, психопатијата не е само склоност кон насилство, туку комбинација од постојано асоцијално однесување, емоционална вкочанетост, недостиг на вина, дрскост и екстремно егоистички црти. Сепак, има и нешто што ги прави посебно тешки за препознавање – психопатите често се одлични во „читање“ на луѓето и вешто го користат тоа за да се вклопат и манипулираат.
Клучниот знак? Најчесто тоа е нивната неспособност да почувствуваат вистинска емпатија. Иако изгледаат шармантни и уверливи, зад фасадата недостига искрено сочувство. Ако забележите личност која секогаш е студена, пресметлива и која користи луѓе за свои цели – тоа е јасен показател дека можеби станува збор за психопат.