Skip to main content
Хроника

Откопан гробот на Зоки Фаци – ФОТО

03/03/2025  15:58

Стефан Лазаров се огласи на Фејсбук со објава која загрижува. Тој објави фотографии од гробот на Зоки Фаци од кои се гледа откопан гроб.

„Таман кога човек ќе помисли дека полошо не може да биде се случува ваква работа. Некој го откопал гробот на Зоки, претпоставувам барајќи злато или вредни работи… Па добро бе , остана ли малку човечност помеѓу нас луѓето, 6 месеци немаат поминато!! Какви се тие монструми што прават вакви работи, срамота!

Случајот е пријавен од семејството на Зоки и се надеваат дека од Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme во најбрз можен рок ќе бидат пронајдени сторителите и ќе бидат казнети за во иднина да не се случуваат вакви одвратни дејствија…“