Skip to main content
Свет

Откажани традиционалните новогодишни прослави во Париз

14/12/2025  20:44

Градските власти во Париз одлучија да ги откажат традиционалните новогодишни прослави на Шанзелизе. Одлуката е донесена поради сериозни безбедносни ризици и неможност да се гарантира сигурноста на граѓаните на масовен јавен настан.

Париската полиција ѝ предложила на градоначалничката Ан Идалго да ја откаже манифестацијата, предупредувајќи на зголемен ризик од паника, нереди и неконтролирани движења на голем број луѓе.

Како една од причините за ваквата проценка се наведува актуелната безбедносна криза поврзана со зголемениот број нелегални мигранти во регионот, како и ограничените капацитети на безбедносните служби да обезбедат целосна контрола и заштита за време на масовните собири.

Новогодишната прослава на Шанзелизе традиционално привлекува стотици илјади посетители и е еден од најпрепознатливите настани во француската престолнина, со музика, светлосни ефекти и празнична атмосфера. Оваа година, сепак, париските власти оцениле дека безбедноста мора да има приоритет.