Skip to main content
Македонија

Освежување во врвот на СДСМ, избрани нови членови на ЦО и ИО

25/03/2026  23:10

Централниот одбор на СДСМ на вечерашната седница донесе одлука за свикување на 32. Конгрес на партијата, кој ќе се одржи на 7 јуни и ќе има програмски карактер.

На седницата беа избрани и нови членови на Централниот и Извршниот одбор. Во раководните структури на партијата влегуваат Соња Стаменкова, актуелна градоначалничка на Македонска Каменица, Слободен Чокревски, професор и поранешен носител на јавни функции, како и портпаролката на партијата Богданка Кузеска.

За членови се избрани и Тања Илијовска, дипломиран економист, како и Рубин Земон, доктор по етнологија и поранешен пратеник.

Централниот одбор го избра Андреј Жерновски за нов меѓународен секретар на партијата.

Дополнително, за втор организациски секретар на СДСМ е избран Зоран Трифуновски.

На седницата беше донесена и одлука за распишување оглас за избор на претседател на Форумот на пензионери на СДСМ.