
Пишува: Проф. Д-р Иван Анастасовски
Последната моја посета на една од проблематичните членки на Европска Унија (ЕУ) оти во последните години, односите помеѓу Унгарија и ЕУ се заострени поради сериозни разлики околу владеењето на правото, демократијата и човекови права. Па оттаму, за Унијата односите со Унгарија се еден од главните тестови на способноста ан Унијата да ги обезбеди своите вредности – демократијата, владеењето на правото, правото на малцинства без да го нарушува единството на 27 земји членки. Секогаш ќе постојат силни силеми кај нашите граѓани дали треба да го продолжиме патот кон целосна интеграција во Унијата или да тој процес биде ставен во мирување на одреден период (ако тоа е возможно), но ако сме искрени и целосно посветени на интеграцијата наша тогаш мора да има освежување на тој пат а особено поради фактот што Владата на ВМРО-ДПМНЕ сега има апсолутна власт на сите нивоа а тоа значи дека има и сериозен кредит од страна на избирачите во нашата држава и би било добро да почне да го троши тој кредит полека.
Освежувањето на патот кон ЕУ за Македонија бара истовремени чекори како на домашен план така и на меѓународениот план. Владата мора да има јасен и реалистичен пакет мерки што може да го поттурне напред процесот кон ЕУ и тоа пред се преку внатрешни реформи кои мора да бидат брзи, видливи а пред се да бидат мерливи. Може да се констатира дека изјавите на Премиерот Мицковски одат во насока на целосно реформирање на судството што остава впечаток за мешање на извршната во судската власт, но едно е сигурно дека некој мора да изврши притосок кон оваа наше судство оти сериозно е нарушена довербата во судството во очите на нашите граѓаните. Секој извештај за напредокот на Македонија на патот кон ЕУ нотира слабости во судството преку кое се рефлектира и најгорливиот проблем во државата а тоа е корупцијата, затоа многу е важно на домашен план да покажеме сме спремни да го јакнеме владеењето на правото преку завршување на клучните судски реформи (европски стандарди за избор и оценка на судии/обвинители), понатака специјални единици за борба против висока корупција со силна политичка независност (ако е тоа возможно кај нас). Промена во системот за јавни набавки во делот на постапката преку целосна дигитализација. Понатака воведување на економски правила прекуунапредување на бизнис-климата и пристап до фондови за зелена транзиција и дигитализација преку реформски програми. Освернување не декларативно што го слушаме последните денови од ресорниот министер за јавна администрација дека е доста со партиски вработувања туку реално да се зафатат со реформа во делот на тоа да имаме сериозна услуга ние граѓаните или поточно администрација која работи или професионализација преку мерливо оценување, а не партизација, исто така воведување на дигитални услуги „од дома“ за граѓаните вадење на лични документи, дозволи и други документи се со цел да се поедноставува нашиот живот. И она што е најголиво прашање а Владата се обидува умешно да го избегнува а да не говориме да го решава а тоа се исполнување на обврските поврзани со преговорите особено уставните измени кои сепак се поврзани со политички консензус ако може воопшто да се постигне особено помеѓу двете најголеми политички партии кај македонскиот кампус или тоа може да биде на еден начин создавање национален договор кој би го нарекол ЕУ пред се.
Она што е значајно да се движи во правилна насока а тоа е хармонизација на нашето законодавство со европската регулатива преку усогласување пред се во области како енергетика, транспорт, животна средина, дигитални пазари, екологија и економија.
Можеби е време да се размислува за регионална и меѓудржавна дипломатија преку проактивно градење доверба со нашите соседи Бугарија и Грција а со тоа и намалување на политички тензии помеќу нашите три држави и пред се градење на заеднички инфраструктурни проекти, и активирање на повеќе регионални иницијативи како еден вид на регионалниот пазар, заеднички енергетски инвестиции и друго.
Резимирано како да се освежи процесот – политички консензус дома, брзи, видливи реформи во правосудство и администрација, смирување на билатералните спорови, ефективно користење на европските фондови, јасна комуникација со јавноста за придобивките.
Но сепак на крајот патот кон ЕУ не би можел да се „освежи“ без да се зборува за кадровски политички промени, каде е време одредени политичари да го завршат своето политичко битисување и да се посветат на други професии со што ќе го ослободат просторот за оние кои сигурно и без калклулации го поддржуваат и трасираат европски пат без оглед колку тој бил болен и трнлив.
Да бидам на јасно ЕУ не бара промена на конкретни политичари туку таа бара резултати, а кај нас има политичари кои не носат резултати и при тоа тие се веќе сериозно изморени од својот политички ангажман и време е да се посветат на своите професии. Но, политичката одговорност е реалност а таа се манифестира ако реформите стојат, ако има недоверба во одредена личност, ако институциите не функционираат или ако има слабости во борбата против корупција.
Знам дека сум досаден со мојот став за Европска Унија и Македонија но јас друг пат не гледам за нашата држава, а знам и тоа дека мислњето на голем дел од нашите граѓани е дека таа и таква Европска Унија ќе се распадна, апсолутно погрешно таа и таква ЕУ само внимателно ги балансира потребите на сите 27 земји членки.
